Морски и океански животни

ДЕЛФИН


Резултат со слика за dolphin
Делфините често се среќаваат во мали групи од по десетина единки. Меѓусебно комуницираат со тропкање и свирење. Тие можат да прават скокови над водата во висина од над 4 метри. Под вода, делфинот може да се движи со брзина од над 100 км на час. Делфинот дише со помош на бели дробови, поради што е принуден да изгледува на површината на водата на секои 3-4 минути за да земе воздух.




МЕДУЗА

Медузата има едно желатинско чадорче под кое се наоѓа нејзината уста. Таа се движи ритмично, со  собирање и ширење на своето чадорче. Нејзините движења создаваат мали витли во водата, што ја носат  храната кон неа. Медузата има и пипала што жарат и овозможуваат таа да ги убива малите ракчиња или риби со кои се храни. Некои џиновски медузи, присутни на Арктикот, имаат пипала со должина од 40м. 

                                        Ð ÐµÐ·ÑƒÐ»Ñ‚ат со слика за jelly fish  


КИТ

Резултат со слика за whale
Китот раѓа по едно младенче на секои 4 години. Уште од самото раѓање, со помош на мајката, младенчето се искачува кон површината на водата и таму прв пат вдишува воздух. Мајката го храни и се грижи за него до две годишна возраст. И покрај својата тежина, китовите се способни речиси целосно да излезат од водата додека ги прават своите спектакуларни скокови. Меѓу китовите се вбројува и синиот кит, што се смета за најголем цицач на планетата. Има должина од 33м. Неговите огромни очи се со големина  на цитрон. Тој нурнува во вода прво со главата  и со еден здив се спушта до длабочина од 200м. 



МОРСКА ЖЕЛКА

Морската желка плива со помош на своите големи нозе. Нејзината заштитна корупка е прикачена за нејзиното тело. Изградена е од коскени плочи. Желката нема заби, но има пресечен клун со кој може да ја фаќа и сечка својата храна. Нејзиниот начин на исхрана се разликува во зависност од видот. Желката излегува од водата за да ги снесе своите 80 до 200 јајца во песокот. Младенчињата изгледуваат од јајцата по 2-3 месеца и се упатуваат кон морето. 

Поврзана слика

Comments

Popular posts from this blog

Диви животни

Поделба на храната