Поделба на храната
Различни животни може да живеат заедно на едно место, дури и ако сите се хранат со растенија. Има доволно храна за сите, бидејќи сите се хранат на различен начин и така храната ја делат меѓусебно.
Слоновите со нивните сурли успеваат да досегнат до листовите и гранчиањата на високите дрвја или се хранат со трева. |
Црните носорози се хранат со лисјата на грмушките кои се на иста висина со нивната глава. |
Антилопите стојат на задните нозе за да ги досегнат највисоките лисја на грмушките. |
Африканската свиња се храни со трева или со корење. |
Жирафите го користат долгиот врат за да се нахранат со лисја и гранчиња од врвот на дрвјата. |
Comments
Post a Comment