Posts

Showing posts from November, 2018

Добредојдовте

Добредојдовте во мојот нов блог. Во овој блог јас ќе ви покажaм неколку видови животни и ќе ви кажам некои карактеристики за нив. На овој блог ќе направам 4 постови во кој ќе ви кажам  каде и како живеат животните, нивниот начин на исхрана и друго. Се надевам дека ќе ви се допадне мојот блог.

Животни во опасност

Image
На овие животни им се заканува изумирање. Тоа значи дека само неколку од нив ќе останат, а потоа може брзо да изумрат и да ги снема. Причина за тоа е тоа што луѓето прекумерно ги ловеле и им ја уништувале средината во која живеат.  Златниот лав тамаринс е доведен во опасност поради уништувањето на прашумите во Амазон. Носорозите се убиваат заради нивниот рог, иако тоа е противзаконски. Големите бели ајкули често се ловат за нивните заби и перки, а овој риболов значително влијае на нивниот број. Глобалното затоплување е значајна закана за студеното живеалиште без кое поларните мечки ќе исчезнат. Незаконскиот лов, исто така, ја загрозува популацијата на  поларните мечки. Тигрите се во опасност, бидејќи луѓето ги ловат прекумерно заради нивното крзно.

Поделба на храната

Image
Различни животни може да живеат заедно на едно место, дури и ако сите се хранат со растенија. Има доволно храна за сите, бидејќи сите се хранат на различен начин и така храната ја делат меѓусебно.  Слоновите со нивните сурли успеваат да досегнат до листовите и гранчиањата на високите дрвја или се хранат со трева. Црните носорози се хранат со лисјата на грмушките кои се на иста висина со нивната глава. Антилопите стојат на задните нозе за да ги  досегнат највисоките лисја на грмушките. Африканската свиња се храни со трева или со корење.     Жирафите го користат долгиот врат за да се нахранат со лисја и гранчиња од врвот на дрвјата.  

Диви животни

Image
                                                                                                                                                                                                                                                 Дивите животни најчесто живеат во шумските предели. Тие се хранат со други животни или пак со трева. Диви животни се: мечка, лисица, волк, дива свиња, крокодил, змија, рис, тигар, лав, носорог, кенгур... Некои од овие животни се среќаваат во Европа (мечка, лисица, дива свиња, рис, волк, змија...) , а некои се среќаваат во Африка (крокодил, змија, тигар, кенгур, лав, носорог...). Еве неколку слики од диви животни. тигар лисица лав кенгур змија крокодил мечка                                                         

Морски и океански животни

Image
ДЕЛФИН Делфините често се среќаваат во мали групи од по десетина единки. Меѓусебно комуницираат со тропкање и свирење. Тие можат да прават скокови над водата во висина од над 4 метри. Под вода, делфинот може да се движи со брзина од над 100 км на час. Делфинот дише со помош на бели дробови, поради што е принуден да изгледува на површината на водата на секои 3-4 минути за да земе воздух. МЕДУЗА Медузата има едно желатинско чадорче под кое се наоѓа нејзината уста. Таа се движи ритмично, со  собирање и ширење на своето чадорче. Нејзините движења создаваат мали витли во водата, што ја носат  храната кон неа. Медузата има и пипала што жарат и овозможуваат таа да ги убива малите ракчиња или риби со кои се храни. Некои џиновски медузи, присутни на Арктикот, имаат пипала со должина од 40м.                                              КИТ Китот раѓа по едно младенче на секои 4 години. Уште од самото раѓање, со помош на мајката, младенчето се искачува кон површина